Владата негира дека преговара со Велика Британија за примање мигранти
Владата на Северна Македонија ги оквалификува како неточни написите во некои британски медиуми објавени на 5 декември дека води преговори со Велика Британија за прифаќање на мигранти кои се одбиени за азил.
Портпаролката Марија Митева во изјава за медиумот СДК.МК вели дека ваквите написи се за „внатрешно-политичка употреба“.
„Единствената вистина е таа што ја кажа и амбасадорот на Британија во Македонија Метју Лосон во јавна изјава во мај, кога категотично ги отфрли тврдењата дека Македонија ќе прифаќа мигранти“ изјави портпаролката Митева.