Молдавската полиција пронашла уште докази во случајот со групата обучувана во камп во Србија
Молдавската полиција на 4 декември објави дека извршила околу 50 претреси на неколку локации во земјата и пронашла докази дека организирана група, која претходно била обучена во камп во Србија, планирала да предизвика немири во Молдавија.
„Организираната група наводно дејствувала со директна намера да изврши нелегални активности од големи размери и во замена за финансиска корист“, се вели во соопштението на молдавската полиција.
Во соопштението се наведува дека групата претходно била обучена во камп во Бања Ковиљача...