Илјадници германски ученици протестираа против плановите за воена служба
Илјадници ученици во Германија протестираа против плановите на владата за нова доброволна воена служба. Многу од нив излегоа од училиште за да учествуваат во протестите откако организаторите повикаа на „штрајк во училиштата против регрутација“, јави агенцијата ДПА.
Полицијата процени дека околу 3.000 демонстранти се собрале во Берлин, а 1.700 луѓе излегле на улиците во Хамбург напладне на 5 декември.
Организаторите зборуваа за бројка од 5.000 учесници.
Демонстрации се одржаа и во најнаселената покраина во Германија...