СДСМ обвини дека семејна фирма на директорот на СОЗР добила 161 тендер - Томовски вели дека тоа се измислици
Вкупно 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра добила семејна фирма на директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски од државни институции и општини водени од ВМРО-ДПМНЕ, обвини на прес конференција членот на Централниот одбор на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.
Како што соопшти Димитријевиќ, се работи за компанијата „Сити логистик“, која е основана од таткото на директорот на СОЗР, Витомир Томовски.
„Сопственик на „Сити логистик“ во моментот кога е основана е Витомир Томовски од Струга...