Протест на пензионерите: Со процентуално зголемување на пензиите, ќе немаме за леб
Пензионери од целата држава кои се за линеарно зголемување на пензиите денеска, 1 декември протестираа пред Уставен Суд во Скопје, со цел како што велат, да продолжи линеарното пресметување на пензиите.
Од пред Уставниот суд, Зоран Трајков, претседател на иницијативниот одбор на групата пензионери кои се залагаат за линеарно покачување на пензиите, им порача да се запрашаат „каде е грижата за пензионерите со мали пензии".
„Нашата борба е за сите идни пензионери, за корка леб и лекови. Не го збориме ова против власта.