АХВ откри фекални бактерии во храна во едно од проверени девет училишта во Карпош
Во едно од девет основни училишта во општина Карпош каде што беше извршена вонредна контрола по сомнежите за труење со храна на десетина деца, од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се пронајдени патогени бактерии.
Според соопштението на ИЈЗ само во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ се пронајдени бактерии во храната и чешмите за вода кои се штетни по здравјето на децата. Агенцијата за храна и ветеринарство, заедно со претставници на ИЈЗ направија вонредна контрола во девет основни училишта во рамките на општина Карпош.