Почнува запирањето на работата на рафинеријата на НИС во Панчево
Нафтената индустрија на Србија (НИС) соопшти на 2 декември дека започнала обврската за запирање на работата на производствените постројки на Рафинеријата во Панчево, откако претседателот, Александар Вучиќ изјави дека не пристигнала одлуката од САД за продолжување на лиценцата за работа на таа компанија, која е под американски санкции поради мнозинското руско сопствеништво.
Вучиќ на прес-конференција по состанокот со тимовите задолжени за енергетска стабилност и безбедност на земјата рече дека „Русите...