ИЈЗ: Нема тешки метали во водата од училиштето „Димо Хаџи Димов“
Во мострите од водата од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, Општина Карпош, не се пронајдени тешки метали, објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на 29 ноември.
Оваа здравствена институција соопшти и дека се завршени физичко-хемиската и микробиолошката анализа на водата и оти резултатите се во рамки на референтните вредности.
Голем број ученици во ова основно училиште во Карпош, на 26 ноември се пожалија на стомачни тегоби, а заклучно со вчерашниот ден седум беа задржани на болничко лекување.