ДИК: Гласањето на болните и затворениците се одвива без проблеми
Гласањето на болните и изнемоштени лица, затвореници и лица сместени во установи за вонсемејна грижа денеска се одвива непречено и без пријавени потешкотии, информира Државната изборна комисија (ДИК).
„Гласањето е спроведено навреме, немаме никаков проблем ниту со изборен материјал, ниту со изборни органи. Нема забелешки, приговори или поплаки,“ изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко, на продолжението на 151. седница на Комисијата.
Тој појасни дека гласовите од денешното гласање нема да се бројат одделно...