Болните и затворениците гласаат во вториот круг од локалните избори за градоначалници
Гласањето за болните и немоќни лица, притворени и затворени лица, како и за граѓани сместени во установи за вонсемејна грижа, се одвива непречено во сите општини каде што утре ќе се одржи вториот круг од локалните избори, вклучително и во Градот Скопје, информира Државната изборна комисија (ДИК).
„Гласањeто започна во 7 часот утринава и истото се одвива непречено во сите општини и Градот Скопје“, се наведува во соопштението од ДИК.
Оттаму додаваат дека денеска треба да гласаат 4 826 болни и изнемоштени лица...