Штетата голема, лекцијата (не)научена - колку државата се подготви за следните пожари?
Во шумските пожари во Северна Македонија летово е опожарена површина од 17.107 хектари. „Национални шуми“ проценија дека штетата е до 50 милиони евра. Според полицијата, многу пожари биле намерно подметнати што повторно го покренува прашањето за одговорност и превенција. Системски пристап и инвестиции во опрема и во кадар можат да спречат идни катастрофи и да ги заштитат вредните шумски ресурси.