Сириската влада и курдските сили постигнаа договор за прекин на огнот
Сириските владини сили и Сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите се согласија за сеопфатен прекин на огнот во северна и североисточна Сирија, јави агенцијата ДПА повикувајќи се на информации од официјални лица.
Договорот дојде по состанокот во Дамаск меѓу сирискиот министер за одбрана Мурхаф Абу Касра и командантот на Сириските демократски сили.
„Се согласивме за сеопфатен прекин на огнот на сите фронтови и точки на воено распоредување во северна и североисточна Сирија, при што овој договор ќе се спроведе веднаш“...