Државата од денеска и официјално дел од системот за плаќање во евра
Од денеска (7 октомври) земјава официјално започнува со примена на Единствената зона за плаќања во евра (СЕПА), со што граѓаните и компаниите ќе можат да вршат и примаат плаќања во евра кон и од земјите членки на СЕПА под исти услови како и во Европската Унија, информира Министерството за европски прашања.
„Со започнување на практичната примена за полесни, побрзи и поевтини трансакции во евра, Северна Македонија и официјално стана активен дел од европската зона за плаќања, што претставува важен чекор...