Курти ја обвини Србија дека се меша во изборите на Косово
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, ја обвини Србија за мешање во локалните избори во Косово закажани за 12 октомври, со ветувања за работни места и финансиски бенефиции.
Курти оцени дека „неодамнешните активности“ на српскиот претседател Александар Вучиќ и други српски актери, државни и недржавни, „не можат да се окарактеризираат поинаку освен како мешање во процесот на локалните избори во Косово“.
„Ветувањата за работни места, привлекувањето гласачи со финансиска поддршка, условувањето и уцените со социјални бенефиции...