И покрај привремениот прекин на израелската офанзива, продолжуваат судирите во Газа
Судирите помеѓу израелските сили и Хамас (вооружена група која САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација) продолжија во Газа и покрај привремената пауза во офанзивните операции, соопштија Израелските одбранбени сили (ИДФ).
Иако израелската копнена офанзива во градот Газа беше паузирана во саботата (4 октомври), ИДФ изврши низа воздушни напади како одговор на, како што наведуваат, продолжувањето на нападите од Хамас, пренесе Тајмс оф Израел.
ИДФ соопшти дека борбени авиони извршиле прецизни напади на повеќе локации ...