ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје
Според статистиката добиена во Државната изборна комисија, вкупно потврдени листи за градоначалници на општините и Градот Скопје се 303, а за членови на советите во општините и Советот на Град Скопје се потврдени вкупно 558 листи, соопшти вечерва прес-службата на ДИК.
За општините Куманово, Аеродром, Карпош и за Град Скопје, ДИК информира дека сѐ уште има листи кои се во фаза на отстранување на неправилности по доставено известување од општинските изборни комисии. Од нив вкупно осум листи за градоначалник...