Прва пресуда за „Онкологија“: Условна казна за онкологот Пешевска
По признавањето вина од онкологот Пешевска и изрекувањето на пресудата за неа, судењето за несовесно лекување пациенти ќе продолжи за поранешниот директор и двајца доктори од Онкологија. Во судска постапка е уште и предмет против поранешните директори на Клиниката – медицински и економски. И тие и докторите, ги отфрлаат обвиненијата што им се ставаат на товар.