Сирија ќе ги одржи првите парламентарни избори по падот на Асад на 5 октомври
Првите парламентарни избори во Сирија по соборувањето на поранешниот владетел Башар ал-Асад официјално се закажани за 5 октомври. Ова го објави државната новинска агенција САНА, повикувајќи се на Врховната изборна комисија на Сирија.
Неизвесноста околу тоа како ќе се спроведе гласањето останува. На крајот на август, изборната комисија објави дека изборите во три провинции ќе бидат одложени на неодредено време од безбедносни причини.
Првично не беше јасно дали изборите на почетокот на октомври ќе ги вклучат трите засегнати провинции...