По пожарот во Трубарево во воздухот имало големо количество на тешки метали
По пожарот во простории на фабриката за електричен и електронски отпад, Ф Групација, во скопското село Трубарево, во воздухот биле измерени големи количини на ПМ 10 честички и тешки метали, покажаа резултатите што попладнето на 19 септември ги објави Министерството за животна средина и просторно планирање.
Станува збор за мерења што биле направени денот на пожарот – 13 септември и следниот ден – 14 септември.
„По пожарот е регистрирано значително надминување на дозволените граници за ПМ 10, олово, кадмиум и арсен.