Четврт милијарда евра се свртеле за три месеци на пазарот на недвижности
Вкупно 265,2 милиони евра биле потрошени на македонскиот пазар со недвижности во период од април до јуни годинава, од кои 112 милиони евра се само за купување станови, покажува регистарот за цени и недвижности што повторно почна да го објавува Агенцијата за катастар на недвижности по пауза од пет години. Овој регистар каде просечната цена се добива врз база на склучените договори и преддоговори за продажба на станови е законска обврска на Катастарот и престана да се објавува во 2020 година.
Овие...