Катар размислува за правна акција против Израел во Меѓународниот кривичен суд
Главниот преговарач на Катар, Мохамед ал-Кулаифи, денеска (18 септември)се сретна со претседателката на Меѓународниот Кривичен суд (МКС), судијката Томоко Акане во Хаг, во обид да ги искористи „сите достапни правни и дипломатски патишта за да се обезбеди одговорност за нападот на Израел врз Катар“, изјави катарскиот официјален претставник за агенцијата АФП.
Смртоносниот израелски напад од минатата недела ги таргетираше лидерите на палестинската милитантна група Хамас со седиште во Катар и предизвика...