ЕУ во Косово загрижена за криминализацијата на невладините организации
Канцеларијата на Европската Унија во Косово изрази загриженост во врска со неодамнешните медиумски извештаи кои, според соопштението, „се обид за заплашување и криминализирање на работата на невладините организации“.
Реакција на ЕУ уследи по емисија емитувана на телевизијата Клан Косова на 4 септември, во која српската невладина организација Актив од Северна Митровица беше обвинета за „напад врз полицијата и државата Косово“.
„Како и медиумите, невладините организации се клучен столб на косовското граѓанско општество...