Парталави учебници пак пред учениците, родители може да бараат замена
Учебници се обезбедени по сите предмети, тврдат од МОН. Но, родители реагираат дека сепак некои се парталави, нецелосни и во лоша состојба. Министерството, пак, тврди дека проблемот е што има училишта што не пријавиле оштетени книги и со тоа воопшто не побарале нови, а родителите ги советуваат да побараат замена во училишните комисии за учебници.