Најавени нови иницијативи за изгласување недоверба на Европската Комисија
Француски европратеници од редовите на екстремната левица и екстремната десница најавија две одвоени иницијативи во Европскиот парламент за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен, јавува МИА.
Ко-претседателката на пратеничката група Левица во Европарламентот, Манон Обри, која доаѓа од редовите на француската екстремно левичарска партија Непокорна Франција (ЛФИ) соопшти дека иницирале собирање потписи за изгласување недоверба на Еврокомисијата, поради трговските договори со САД и со Меркосур...