Почнува полагањето државна матура во августовскиот рок
Матурантите кои не ја положија државната матура во јуни денеска (12 август) ќе го полагаат првиот, задолжителен екстерен испит - мајчин јазик и литература. На 14 август (четврток), пак, е полагањето на вториот, изборен екстерен испит од државната матура во августовската испитна сесија.
Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), за двата испитни дена вкупно се пријавени 1118 ученици.
Според видот на образование, од гимназиско ќе полагаат 265 ученици, средно стручно – 835 и 18 матуранти од средно уметничко образование.