Осум децении од атомската бомба која го срамни со земја Нагасаки
Илјадници луѓе се собраа саботата (9 август) во Нагасаки за да ја одбележат 80-годишнината од атомското бомбардирање на градот, со предупредувања дека сегашните глобални конфликти би можеле да го свртат светот во нуклеарна војна.
Овој град во западниот дел на Јапонија беше срамнет со земја на 9 август 1945 година, кога Соединетите Американски Држави ја фрлија плутониумската бомба „Fat man“, која уби околу 27.000 луѓе од околу 200.000 жители.
До крајот на 1945 година, бројот на жртви од акутна радијација...