Трговците, производителите и дистрибутерите на средба кај Дурмиши за цените на храната
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска попладне (8 август) ќе има средба со трговците, производителите и дистрибутерите на која ќе стане збор за цените на прехранбените производи. Како што информира, ова ќе биде крајна опомена и предупредување до нив да се однесуваат соодветно. Во спротивно, најави дека Владата ќе воведе ригорозни мерки.
„Нашето барање е да дејствуваат соодветно, да не ги зголемуваат цените. Ова ќе биде крајна опомена и предупредување до нив. Во спротивно, ќе преземеме мерки кои ќе бидат ригорозни.