Големите банки ги намалија провизиите за платежни услуги
Трите големи банки и една средна банка ќе ги намалат надоместоците за платежни услуги за граѓаните и компаниите, соопшти денеска (7 август), гувернерот Трајко Славески. До ова доаѓа токму на негова иницијатива со која побара од банките да ја ревидираат висината на надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите.
Првиот човек на Народната Банка очекува ова да го направат и другите средни и помали банки.
Според Славески, намалувањата се особено значајни за извршување на плаќањата на клиентите преку интерните системи на банките...