Осуден германски државјанин за веење знаме на „Голема Албанија“ на фудбалски натпревар
Осуден на две години условна казна доби германски државјанин за кривичното дело предизвикување омраза на меѓународниот фудбалски натпревар меѓу фудбалските клубови Шкендија и Карабах. Оваа пресуда ја донесе Основниот суд Скопје 1 по извршена идентификација, во која Основното јавно обвинителство по итна постапка покреана обвинение.
„Против него беше поднесено обвинение, бидејќи на 5 август, непосредно пред фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Шкендија“ и ФК „Карабаг“, со истакнување и веење знаме на „Голема Албанија“ и со натпис „Автохтона“...