Над 300 лица ќе поминат обука за пожарникари
Над 300 лица ќе се обучат да станат нови пожарникари. Тие се пријавија на повикот на Владата да работат на превенција од пожари, а нивната обука започнува денеска. Во иднина ќе може да бидат вработени во локалните противпожарни единици, но и во новата единица која ќе биде формирана во Дирекцијата за заштита и спасување.
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов денеска информираше дека дел од пријавените 500 кандидати отпаднале во првичната селекција, но 364 продолжуваат на дводневна обука, од кои 34 во Скопје.