Бирн: Ирска отсекогаш била силен поддржувач на проширувањето на ЕУ, врз основа на заслуги
Ирска отсекогаш била силен поддржувач на проширувањето на ЕУ засновано на заслуги, порача денеска од Скопје ирскиот министер за европски прашања и одбрана, Томас Бирн на заедничката прес-конференција со министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.
Бирн, чија земја го презема претседавањето со Советот на ЕУ во втората половина на следната година, нагласи дека членството во ЕУ ја трансформирало Ирска на економски и социјален план и и донело просперитет. Тој додаде дека за време на претседавањето...