Собранието ја констатира оставката на претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска
Собранието денеска на почетокот на 64. седница ја констатира оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, поднесена минатата недела, откако против неа беше поднесено обвинение од Обвинителството за гонење организиран криминал.
Како што соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши, Димитровска ја известила законодавната власт дека ќе ја образложи својата оставка, но тоа не се случи до почетокот на седницата. „Собранието, врз основа на член 121 став 2 од Деловникот...