До утрово 29 пожари низ Македонија – 10 сè уште активни
До 7 часот утринава низ државата се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување. Од нив, 10 сè уште се активни, три се ставени под контрола, а 16 се изгаснати.
Активни пожари има во општините Василево, Радовиш, Берово, Прилеп, Македонски Брод, Штип, Зелениково, Желино и Струмица, при што се зафатени нискостеблести шуми, дабови насади, грмушки и ниска вегетација.
Под контрола се пожари во Грешница (Македонски Брод), Шуто Оризари и Јунузлија (Карбинци)...