Продолжуваат борбите меѓу Тајланд и Камбоџа и покрај повиците за мир
Борбите на тајландско-камбоџанската граница продолжуваат трет ден по ред, а во денеска се појавија нови жаришта, објави Ројтерс.
Двете страни побараа дипломатска поддршка, велејќи дека дејствувале во самоодбрана и повикувајќи ја другата страна да престане со борбите и да започне преговори.
Најмалку 30 лица се убиени, а повеќе од 130.000 се раселени во најжестоките борби меѓу соседите од Југоисточна Азија во последните 13 години.
Тајландската морнарица соопшти дека утрото на 26 јули избувнале борби во крајбрежната покраина Трат...