Владата предложи измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување за да се покачат пензиите
Владата на денешната седница го усвои предлог законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што следи покачување на пензиите, објави денеска (22 јули) владината прес-служба.
Премиерот Христијан Мицкоски претходно на прес-конференција изјави дека Владата денеска ќе го разгледа предлог-законот за линеарно зголемување на пензиите, кој потоа ќе биде испратен до Собранието.
Инаку, законски, од септември требаше да се врати старата методологија со која пензиите се усогласуваат...