Светската здравствена организација предупреди на епидемија од вирус што го шират комарци
Светската здравствена организација (СЗО) упати итен апел за спречување на повторна појава на епидемијата на вирусот чикунгуња, што го шират комарци.
Таква епидемија го зафати светот пред две децении.
Причина за загриженост се новите епидемии во регионот на Индискиот Океан, кои сега се шират во Европа и на други континенти.
Според претставникот на СЗО, Дијана Рохас Алварез, околу 5,6 милијарди луѓе во 119 земји живеат во области каде што постои ризик од овој вирус, кој предизвикува треска, силна...