Герапетритис: Атина го поддржува Скопје на европскиот пат, важна е целосна имплементација на договорот од Преспа
„Длабоко верувам во потенцијалот на нашите односи. Во силата на дипломатијата заснована на почит и во нашата заедничка способност да изградиме иднина што ќе биде функционална. Не само денес, туку и за генерациите што доаѓаат“, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски по средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис во Атина и порача дека „меѓусебното почитување е основата врз која се гради трајна соработка“.
На средбата на шефовите на двете дипломатии во фокусот беа билатералните односи...