Славески: Девизните резерви се сигурни, а златните не се на задоволително ниво
Девизните резерви се во сигурни раце и изнесуваат 4,6 - 4,7 милијарди евра, што е сосема комотна позиција за земјата, а покриваат околу 4,5-месечни вредности на увозот додека светскиот стандард што се препорачува е 3 до 3,5.
Oва денеска (22 јули) го изјави гувернерот на Народната банка (НБ), Трајко Славески на отворената работна средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.
Гувернерот истакна дека дел од македонските девизни резерви се во злато кое се чува во Банката во Англија, но и дека златните резерви...