Спогодби со 13 обвинети за незаконски одобрени инвалидски пензии
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во рамки на предметот „Синдром“ поднесе обвинителен предлог против 36 лица. Тие се осомничени за серија кривични дела поврзани со незаконско посредување за добивање права на туѓа нега и инвалидска пензија.
„Постои основано сомневање дека десетмина од обвинетите сториле кривични дела и тоа: Злосторничко здружување, кривично дело – Давање поткуп и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, пет лица сториле...