Пати Смит на концерт посвети песна на Радио Слободна Европа
Американската пејачка, поетеса и активистка Пати Смит изрази поддршка за Радио Слободна Европа (РСЕ), привлекувајќи внимание на важноста на независното новинарство и предупредувајќи на проблемите со финансирањето под сегашната американска администрација, објави Радио Слободна Европа на англиски јазик.
За време на концертот на 19 јули во Прага, каде се наоѓа седиштето на РСЕ, 78-годишна музичарка направи пауза пред да ја отпее својата протестна химна „Луѓето ја имаат моќта“ за да ја посвети песната на „Стив и сите во Радио Слободна Европа“...