По една недела уште гори кај селото Николиќ во Дојран, активни се уште четири пожари
Пет пожари и утринава (14 јули) се активни на територијата на државата, се вели во извештајот на Центарот за управување со кризи (ЦУК).
До 7 часот утрово, сè уште е активен пожарот кај селото Николиќ во општина Дојран каде што повеќе од една недела гори нискостеблеста шума.
Противпожарните екипи и понатаму водат битка со пожарот кај селото Горњани во општина Чучер Сандево, како и со огнените стихии меѓу селата Џидимирци и Крушје во Велешко, на територијата на Македонски Брод, меѓу селата Црешево...