По 11 години пуштени првите 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
Првите 20 километри од автопатот Кичево - Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун, од денеска (13 јули) се пуштени во употреба.
За власта, ова е показател за, како што велат, разликата меѓу неа и политичките опоненти.
„Само една година откако ја преземавме одговорноста да ја водиме државата успеавме да го откочиме еден од најголемите и најзаглавените инфраструктурни проекти во Македонија. Проект кој со години стоше како симбол на застој, срамна слика за држава што тапка во место, а денес е симбол на новото време“...