Шест ин витро обиди на државна сметка и побрзо одобрување, најави ФЗО
Вкупно шест наместо како што беше досега - три обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) попознато како ин витро, ќе бидат овозможени на товар на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).
Ова една од законските измени усвоени на 10 јули годинава во Собранието, како што денеска (12 јули) соопштија генералните директори на Фондот, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов.
Според најавите, освен што БПО ќе биде вклучено во основниот пакет на здравствени услуги, ќе има и усогласување на ослободувањето од партиципација...