Трамп и Османи за заканите од Србија, косовската влада без коментар
Додека косовската претседателка Вјоса Османи тврди дека има „сигурни информации“ дека американскиот претседател Доналд Трамп „неодамна спречил“ ескалација на безбедносната ситуација од Србија кон Косово, актуелната косовска влада не коментира.
На прашањето на Радио Слободна Европа (РСЕ) за каква ескалација на ситуацијата станува збор, каков конкретен безбедносен ризик постои и кога, косовското Министерство за внатрешни работи исто така не одговори.
Од друга страна, Белград оцени дека претседателката...