Триесет години од геноцидот во Сребреница
Во Меморијалниот центар Сребреница - Поточари денеска (11 јули) се одбележува 30-годишнината од геноцидот врз Бошњаците извршен од српските сили во јули 1995 година. На комеморацијата ќе бидат погребани посмртните останки на седум жртви од Сребреница, пронајдени на различни локации, меѓу кои и две 19-годишни момчиња, најмладите меѓу денешните погребани.
Претходно беше објавено дека се очекува повеќе од 150 000 луѓе да присуствуваат на одбележувањето на 30-годишнината од геноцидот.
Пристигнувањето во Поточари го најавија бројни делегации...