Османи: Трамп спречи можна ескалација на ситуацијата од Србија во Косово
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, тврди дека има „сигурни информации“ дека американскиот претседател Доналд Трамп неодамна спречил можна ескалација на ситуацијата од Србија во Косово.
Османи изјавата ја даде за време на предавање во Вашингтон на 10 јули, посочувајќи дека тоа се случило „неодамна“ оваа година, но не даде дополнителни детали.
„Според безбедносните информации што ги добивам секојдневно, разбравме дека претседателот Трамп неодамна спречил можна ескалација на ситуацијата – ако можам така да ја наречам.