Во услови на длабока недоверба САД и Иран се подготвени за продолжување на нуклеарните разговори
Соединетите Држави и Иран се подготвени да се вратат на преговарачката маса во момент кога тензиите меѓу двете страни се високи, а меѓусебната доверба ниска.
Разговорите биле првично планирани за 10 јули во Осло, велат извори за Радио Слободна Европа, според кои состанокот сега е одложен - веројатно за следната недела.
Кога и да се одржат, разговорите ќе означат потенцијално рестартирање на нуклеарната дипломатија меѓу долгогодишните противници само неколку недели по заедничките израелско-американски...