Интерконекторот со Грција треба да донесе стабилно снабдување со гас
Денеска (9 јули) официјално беше означен почетокот на изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција која треба да чини 60 милиони евра. Премиерот Христијан Мицкоски порача дека оваа стратешка инвестиција ќе ја направи земјава регионална енергетска крстосница, а тоа, како што рече, ќе значи повеќе извори на природен гас, повеќе стабилност и пониски трошоци.
„Ова не е само инвестиција во цевки и бетон, туку уште еден значаен влог во енергетската независност и стабилност на земјата, во нејзиниот...