Стари возила ќе се стават во употреба за гасење пожари
Државата ќе гасне пожари со стари армиски и полициски возила што не се користеле со години. Сега ги става во функција 38 возила кои биле неупотребливи и расходовани. Надлежност за нив ќе има Дирекцијата за заштита и спасување и со нив ќе се интервенира на тешко пристапни места.
„За првпат имаме неспоредливо поголем број ресурси за гасење пожари. Станува збор за најдобри теренски возила кои со еден и пол тони вода можат да стигнат онаму каде што луѓе тешко можат да се пробијат“, рече директорот на...