Загинаа 32 лица во израелски напади во Газа, објави Цивилната заштита
Вкупно 32 лица загинаа во израелски напади во Газа во саботата, објави службата за цивилна заштита на палестинската енклава.
Израел неодамна ги прошири воените операции во Појасот Газа, каде што војната создаде катастрофални хуманитарни услови за повеќе од два милиони жители, пишува АФП.
Махмуд Басал, портпарол на службата за цивилна заштита, изјави дека меѓу загинатите има осум жртви од нападот врз училиштата во градот Газа.
Многу жители на Газа побарале засолниште во училиштата и другите јавни згради откако започнала војната...